Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Љупчо Николовски со оптимистички пост на Фејбук ги најави промените кои престојат, откако генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев со провокативна изјава која се рашири низ медиумите праша зошто не е сменет министерот Чулев ако е одговорен за неказнувањето на поединци кои не ги почитуваа мерките за заштита и со тоа го загрозија здравјето на сите со кои биле во контакт.
Ќе се смени за брзо Наќе Чулев, но ќе се сменат и други министри!
Ќе си имаме фер и безбедни избори, без нарушување на здравствените мерки. И ќе се вратиме конечно во колосек.
А местата кои Чулевци и некои други ќе ги испразнат, ќе ги пополниме со чесни луѓе, домаќини. Правични и работливи како моите сонародници од истокот, каде денес имав чест да го поминам денот.
Доаѓаат убави времиња, напиша Николовски.