Од МВР соопштија дека денеска на ул. „М.А.Ченто“, Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ф. (30) од село Синѓелиќ, кој на себе носел панцирен елек и пиштол „Смит и Весон“, бил заедно со полициски службеник, кој не бил на работа.
Околу 13 часот на ул. „М.А.Ченто“, на патот кон с. Арачиново Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го лиши од слобода Д.Ф. (30) од с. Синѓелиќ, кој носел панцирен елек и пиштол „Смит и Весон“, а со полициски службеник кој не бил на работа седеле во угостителски објект.
Извршен е претрес на возило „сеат ибица“, паркирано од Д.Ф. при што пронајдени се една автоматска пушка, една рамка од пушката и рамка од пиштол полна со куршуми.
По документирање на случајот Д.Ф ќе биде предаден на надлежен обвинител, а во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, стои во соопштението од МВР до медиумите.