Со оглед на тоа дека сме на чекор до избори, решивме за мислење да прашаме и неколку минувачи низ центарот на Скопје.
Граѓаните во Скопје со поделени мислења. Некои сметаат дека не е време за избори поради корона вирусот, други избори треба да има и дека би излегле на гласање независно од ситуацијата, а други дека колку и да не се пожелни изборите, сепак потребни се функционални институции.
„Не знам што да ви кажам. Би требало да има избори, понатаму може полошо да биде. Да, би излегол на гласање“, вели еден граѓанин.
„Со оглед на ситуацијата не сум сигурна дали би требало да има избори… Во ек на пандемија, сепак, мислам дека не треба да има“, вели една од анкетираните граѓанки.
„Мислам дека не треба, ама како е нашата држава и партиите поделени, мислам дека тоа треба да се реши“, вели друг граѓанин.
“Сметам дека сè уште е рано за избори“, вели една граѓанка.
„Има аргументи и за едното и за другото. Но сепак мора да има институционални органи“, смета еден од анкетираните граѓани.
„Не, не би излегла да гласам поради ситуацијата“, вели една од граѓанките.
Анкетата ќе ја продолжиме во текот на наредните денови.
Искра Ежова
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети