ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски и Филипче од Струмица: Јакнејќи ги капацитетите создадовме систем кој успешно се справува со кризата

Спасовски подвлече дека во новиот крак на болницата, опремен со модерна медицинска опрема, ќе започне работата на Ургентен центар за тријажа на болни, на специјалистичките амбуланти по општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, ортопедија и урологија.

June 13, 2020 14:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, денеска заедно со директорот на Јавната здравствена установа (ЈЗУ) „Општа болница“- Струмица, Наќе Гогов при посетата на болницата, извршија увид и обиколка на новото крило со вкупна површина од 6.000 м2, каде се сместени повеќе специјалистички амбуланти.

Премиерот Спасовски,  истакнувајќи дека со доаѓањето на оваа Влада и Министерството за здравство е финализирана изградбата и опремувањето на Општата болница во Струмица, чија градба е започната уште пред 33 години, подвлече дека многу скоро над 200.000 жители од Струмица и околните општини, Василево, Босилево, Ново Село ќе добиваат поквалитетни здравствени услуги.

Спасовски подвлече дека во новиот крак на болницата, опремен со модерна медицинска опрема, ќе започне работата на Ургентен центар за тријажа на болни, на специјалистичките амбуланти по општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, ортопедија и урологија и во завршна фаза е довршувањето на одделите по општа хирургија, гинекологија и акушерство офталмологија, оториноларингологија, неонатологија, ортопедија, како и работата на 8 –те оперативни сали со неопходната опрема за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување.
 
Минатата година ја најавивме 2020 година, како година на вложување во човечкиот капитал.Затоа ги зголемивме платите на здравствените работници, ги подобривме условите за работа – набавивме нова опрема, но и ги подобривме условите во јавно-здравствените установи. Со тоа создаваме услови граѓаните да имаат пристап до широк спектар на здравствени услуги во своите локални средини, а лекарите и медицинскиот персонал да имаа современи услови за работа за да ја пружат најдобрата здравствена услуга.Покажавме дека сме одговорна влада, која успеа да го рехабилитира цунамито што го затекнавме во здравството и да го зајакнеме здравствениот систем во нашата држава“, рече Спасовски.
Тој подвлече дека здравствената криза од пандемијата со коронавирусот покажа колку е важно здравствениот систем да биде цврст и со зајакнување на здравствените капацитети, во тек е справувањето со ситуацијата, пред сѐ, за да се спасат животи, но и за да се спречи здравствената криза да прерасне во поширока социо-економска криза што во голема мера ќе ги засегне децата и семејствата.
Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа – вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките.Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, порача Спасовски, кој додаде дека темпото и континуитетот за зајакнување на здравствениот систем продолжува.
И министерот за здравство Филипчево своето обраќање истакна дека по три години интензивна работа, Струмица добива нов болнички објект и дека тоа го заслужуваат сите, здравствените работници, пациентите и граѓаните, не само на Струмица, туку и на целиот тој регион.
Во оваа модерна болница, изградена со најмодерни материјали, со распоред според најразвиените светски болници, пријатно ќе се чувствуваат и ќе може квалитетна здравствена услуга да даваат здравствените работници, но и врвна медицинска услуга пациентите на коишто им е тоа потребно за многу кратко време и се на едно место. Оваа здравствена криза со која сега во овој момент се соочуваме, а тоа е коронавирусот покажа дека е исклучително важно да имаме модерни болници во којшто може за кратко време пациентите без многу лутање и на едно место да добијат здравствена услуга, а не да се препраќаат во околните болници во другите градови“, потенцираше министерот Филипче.

Тој рече дека Владата интензивно инвестираше во здравствениот систем, пред сѐ во луѓето, во платите, во приемот на нови лекари и медицински сестри, како и во младите лекари.Се зголемија платите на лекарите и тие сега изнесуваат помеѓу 80 и 160 илјади денари. Се примија на работа огромен број на лекари и медицински сестри. Издадовме над 5.000 согласности за вработување за само две години.

Сите млади лекари добија шанса да работат тука, во здравствените установи во нашата земја. Да имаат платен стаж, да не се дискриминирани за прием по ниту една основа. Со овој интензитет и динамика ќе продолжиме и понатаму, заради тоа што нашите граѓани, нашата држава заслужува да има спремен и модерен здравствен систем, а нашите граѓани место кадешто од врвни експерти ќе добијат врвна здравствена услуга, посочи министерот Филипче.

Директорот на Општата болница во Струмица, Гогов, на владините претставници им ја покажа новата градба, новиот проширен  дел, давајќи детали за капацитетот на медицинските и дијагностички услуги, кои тука, на едно место ќе бидат овозможени за граѓаните.
Директорот Гогов информираше детално за капацитетот од 85 кревети, од кои најголем дел електрични опремени со централен довод на медицински гасови, секоја соба климатизирана и со туш кабини.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk