ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Сите што ги исполнуваат условите, а ги нема на листите за домашна картичка ќе бидат додадени

Сите граѓани коишто сметаат дека ги исполнуваат критериумите согласно Уредбата и треба да се во листата поднесуваат меил со образложение и доказ дека треба да се во листата, истакна министерката Ангеловска на денешната прес конференција на која беа промовирани ваучерите за домашен туризам.

June 13, 2020 14:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема ниту еден граѓанин или студент или средношколец или кој било доколку е во листата да остане без средства, без финансиска поддршка и без платежна картичка, бидејќи тоа е неселективен, транспарентен процес на воспоставување на јасни услови без постапки за аплицирање, без да треба човечки фактор да одлучува дали некој треба или не треба да е во листата или ги исполнува или не ги исполнува критериумите. Тоа ни го даваат податоците со коишто располагаат институциите, порача денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата посочи дека се пристигнати над 20 илјади пораки од граѓани кои ги немало на листата и додаде дека дел од пораките се враќале поради пополнување на сандачето на кое, како што рече, веднаш му бил зголемен капацитетот на меилови.

-Од вкупниот број пристигнати пораки сѐ уште не е направена категоризацијата за да можеме да кажеме дека одреден дел се од средношколци коишто ги немало на листата, бидејќи, како што кажав, сите граѓани коишто сметаат дека ги исполнуваат критериумите согласно Уредбата и треба да се во листата поднесуваат меил со образложение и доказ дека треба да се во листата. Потоа треба надлежната институција да го потврди тоа за на лицето да му биде прифатена реакцијата и да биде додадено во листата, рече Ангеловска во одговор зошто некои средношколци ги нема на листата и колку приговори се пристигнати.

Во однос на начинот и одговарањето на барањата на оние коишто сметаат дека не се во листата, прецизира, организиран е тим во Генералниот секретаријат кој е во координација со Министерството за финансии и со банките за евентуални корекции во листите и прифаќање на некои лица доколку се испуштени.

-Доколку на пример има средношколци коишто не се заведени во системот ЕСР и не се дадени листите ако поднесат меил треба да можат да бидат вметнати во листите. Согласно тоа секако при базата на податоци можно е да претрпи корекции било кои одредени системски недоследности, технички пропусти коишто биле направени да се исправат и со тоа да се подобри и квалитетот на базата на податоци на средните школи, училиштата, нашиот образовен систем, министерствата и институциите, потенцира Ангеловска./МИА/

Next Post

Филипче: 16 медицински сестри од ГАК се во изолација, но не од случајот со родилката

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk