ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Веќе се дистрибуираат ваучери за туризам за 117.000 граѓани

June 13, 2020 12:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе од денеска 117.000 граѓани добиваат ваучери за туризам, кои ќе можат да ги искористат заклучно 15 декември годинава. Доделувањето на платежните картички, пак, кои ќе ги добијат околу 324.500 граѓани, започна во текот на вчерашниот ден преку банките, соопштија на прес конференција министерот Бектеши и министерката Ангеловска.

Изработени се околу 50.000 картички досега од страна на банките, а до 18 јули ќе се доделат сите картички кои ќе можат да се користат до 15 август. Секој вложен денар во домашните производи, во услужниот сектор – е вложен денар во зачувувањето на овие компании, а со тоа и на бројни работни места кои тие ги креираат, посочи денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Овие мерки се дел од третиот пакет на антикризни мерки, насочени кон ревитализирање на економијата. Тие се со јасни цели и се насочени да дадат повеќекратни ефекти и за граѓаните и за стопанството. Тие ефекти се финансиска поддршка на граѓаните, на економијата, формирање свест за купување на македонски производи, за ориентација кон безготовинско општество, за воведување на субјекти од неформалната во формалната економија, како и намалување на бирократијата (де-бирократизација на процесите која ни ја овозможуваат технологиите). Морам да истакнам дека покрај финасиската поддршка, овие мерки имаа за цел да придонесат на многу други нивоа. Едно од нив е поддршката за креирање на безготовинско општество, а со тоа и намалување на неформалната економија, која долги години е горлив проблем на македонската економија, рече Ангеловска на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.

Станува збор, потенцира, за две навистина обемни мерки како од аспект на опфат на граѓани односно 325.000 лица, но истовремено и финансиски обемни. Ваучерите се во вредност над 10 милиони евра, додека домашните платежни картички во вредност од 28 милиони евра.

-Значи околу 40 милиони евра за навистина кус период ќе се влеат во домашното стопанство и ќе се насочат кон македонскиот туризам и домашните производи. Овие средства се поддршка за нашите граѓани, но се и важна финансиска инјекција за нашата економија, за домашните фирми, особено кога стопанството треба да почне да се враќа на нозе. Преку платежните картички и ваучерите граѓаните и вработените со ниски приходи ќе добијат по 9.000 денари по лице, односно граѓаните со ниски приходи ќе добијат 9.000 денари преку домашните платежни картички, а вработените со низок доход ќе добијат 3.000 денари преку домашната платежна картичка и 6.000 денари преку ваучерите за туризам, посочи Ангеловска.

„Купувам домашно“ и „Дома си е дома“, додаде, не се само кампањи за презентирање на овие мерки, туку и кампањи за да се придонесе кон развој на свеста дека кога ќе дојдете на рафтовите во продавниците, предимство треба да се даде на домашните производи, а кога размислувате за локација за одмор, да размислите за сите убави места кои може да ги понуди нашата земја.

-Ова не важи само за корисниците на ваучерите и картичките туку на сите граѓани во земјава. За таа цел, за да ги поттикнеме граѓаните да бираат домашни производи пред странски, направивме и промени во однос на повратот на ДДВ преку МојДДВ. Имено ако досега повратот на ДДВ изнесуваше 15 отсто од платениот данок на додадена вредност, сега за домашни производи оваа сума се покачува на 20 отсто од платениот ДДВ. Од друга страна за странските производи повратот се намалува на 10 отсто од платената сума на ДДВ. Ова е во насока да ги стимулираме сите граѓани да придонесат во поттикнувањето на домашното производство и услужниот сектор, рече Ангеловска.

Кога купувате домашен производ или услуга, нагласи, придонесувате да се зачува работното место на вработените во производствените погони, на угостителите, занаетчиите… блиски, познаници, луѓе кои не ги знаете, но на кои во овој момент потребна им е поддршката да ги надминат последиците од Covid-19 кризата./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk