На социјалната мрежа Твитер, откако беше промовирана интернет страницата „Купувам Домашно“, за дел од третиот пакет економски мерки на Владата, секој граѓанин можеше со едноставно внесување на матичниот број, да провери дали му следува финансиска помош, според износот на остварени приходи во период од јануари до април 2020.
Веднаш осамнаа и обиди за дискредитација на мерката, преку пласирање лажни вести.
Имено, овој пат, профил на Твитер во својата, сега веќе избришана објава, обвини дека со внесување на сопствениот матичен број излегло туѓо име на кое му следува помош.
Лажните вести секогаш се интензивираат во предизборието. Оваа порака на Твитер може да се забележи и како обид да се поттикне етничка нетрпеливост и да се сугерира манипулација со системот. Иако сега е избришана, лажната вест веќе ја ретвитнаа партиските ботови, со што ја постигнаа целта.
А. Н. Стојчевски