ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Честитки Струмичани! После 33 години, новото крило во општата болница Струмица е завршено

Многу е важно овој болнички систем кој покрива повеќе од 200.000 граѓани во нашата земја, да биде современо опремен со доволно простории, доволно комотен за да може да го опслужуваме целиот овој регион, додаде Заев.

June 13, 2020 15:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Претседателот на СДСМ Зоран Заев им честиташе на струмичани што после 33 години чекање, денеска беше отворено на новото крило во општата болница Струмица, што претставува уште една значајна инвестиција во унапредување на здравствениот систем во државата.

Дозволете да ја искористам приликата како струмичанец, на сите струмичани и на целиот наш народ во југоисточниот регион да им го честитам новото крило во општа болница Струмица, кое почна да се гради кога јас имав 12 години, односно пред 33 години, и сум многу среќен што овие последни 3 години се дадаоа максимални напори да се заврши.

Болничкото крило е веќе опремено со 85 кревети, донесени се 3 респиратори, доаѓаат дополнителните донации, опремувањата од Министерството за здравство и ќе биде комплетно и функционално до крајот на летото, порача претседателот Заев.

Тој му се заблагодари на министерот Венко Филипче за огромната посветеност што ја направи во завршувањето на овој проект , но и на поранешните министри за здравство Арбен Таравари, како и на Никола Тодоров којшто ја отпочна постапката, а реализацијата дефинитивно почна во последните 3 години.

Не би бил чесен ако не се заблагодарам на нашите пратеници Катерина Кузмановска, Костадин Костадинов, Сашко Атанасов и на другите пратеници коишто преку пратенички прашања, ребаланс на буџет, додавање средства целосно, дадоа свој придонес денес да го дочекаме овој ден. Јас жалам што денес тие, заради коронакризата, не се тука и затоа се присутни само мал дел од луѓето, но ова е историја. Се радуваме ние струмичани зашто, како што рече еден еминентен доктор од струмичката болница доктор Араников, покрај Охрид, Струмица е втората дестинација најодалечена од централниот дел на здравството – главниот град Скопје. Затоа е многу важно овој болнички систем кој покрива повеќе од 200.000 граѓани во нашата земја, да биде современо опремен со доволно простории, доволно комотен за да може да го опслужуваме целиот овој регион, додаде Заев.

Тој нагласи дека Владата, предводена од Социјалдемократскиот сојуз, продолжува да го осовременува и усовршува целиот здравствен систем, со сите негови аспекти коишто ќе бидат на располагање на граѓаните.

 

Next Post

Спасовски и Сугарески: Градежна офанзива e одговор на руинираната инфраструктура што ја наследивме

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk