На Фејсбук страната на првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ во Прилеп и кандидат за пратеник, објавена е групна фотографија на која е очигледно непочитување на мерките за заштита од коронавирус.
„Денес со посебна чест и задоволство,на покана на Здружението „Прилепски бранители” присуствував на покривањето на конаците на манастирот св.Петка во с.Мусинци. Нека е за аирлија и за многу години“, напиша првиот човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на Фејсбук.
На фотографијата, која според описот во објавата е по повод покривање на конаците на манастирот Св.Петка во сели Мусинци, има повеќе од 20 луѓе.
Само двајца носат заштитни маски, а може да се забележи дека нема ниту најминимална физичка дистанца.