ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжување на гласањето за два часа за да се избегне евентуален метеж, предвидува протоколот за изборниот процес

June 15, 2020 10:22
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Задолжително носењето на заштитна маска, држењето физичка дистанца, честата дезинфекција на рацете и проветрување на просториите, се дел од правилата кои треба да се почитуваат во целокупниот изборен процес и на денот на гласањето, кој со оглед на истекувањето на вонредната состојба, треба да биде на 5 јули, но за кој нема согласност од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција побара избори кон средината на јули, наместо на 5 јули, а еден од условите што ги постави беше подготовка на протоколи за заштита здравјето на граѓаните.

Комисијата за заразни болести пред еден месец, поточно на 14 мај излезе со Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето.

Протоколот на прес-конференција го презентираше министерот за здравство Венко Филипче, кој тогаш изрази очекување сите политички субјекти да ги почитуваат одредбите од Протоколот.

Протоколот беше едногласно поддржан од сите членови на Комисијата за заразни болести и тој мора да се спроведува целосно, без исклучоци за да се заштити здравјето на граѓаните.

Предвидува мерки и ограничувања кои прецизно го регулираат начинот на кампањата, партиските активности и собирите. Составен е од четири дела во кои се опфатени предизборните активности, спроведувањето на кампањата, одржувањето на партиските состаноци и денот на изборите.

На денот на изборите, сите членови на избирачките одбори и набљудувачите мора да носат заштитна опрема, да седат во простории со отворени прозорци или често да ја проветруваат просторијата. На секое избирачко место мора да има средства за дезинфекција, а гласачите да бидат на растојание од два метра и пред да влезат на гласање да ги дезинфицираат рацете. Маската треба да ја тргнат кратко само заради идентификација, а по гласањето повторно треба да направат дезинфекција на рацете.

Во просторијата никогаш да нема поголем број на гласачи од боксовите за гласање. Доколку постои можност, за што треба да се консултира ДИК, се препорачува зголемување на времето на гласање за два часа за да се избегнат поголеми метежи.

Во предизборниот период се препорачува сите активности да се одвиваат со почитување на физичката дистанца од еден и пол до два метри, задолжително носење заштитна маска на устата и носот и задолжително често миење на рацете.

При одржување на собирите, препорака е да се почитуваат сите овие мерки, да се води сметка за бројот на учесници и да се користат разгласни уреди за да се избегне поголема концентрација на луѓе на едно место. Кампањата „од врата на врата“ да се реализира со заштитна опрема и физичка дистанца и да не се влегува во домаќинствата, туку само до врата или двор.

Партиските состаноци да се одвиваат на отворено доколку има можност за тоа, а во затворени простории да се почитуваат општите препораки за заштита и да се останува најмногу два часа по што треба да се изврши проветрување. Мобилните штандови за рекламен материјал да немаат повеќе од двајца активисти на еден штанд, а партискиот превоз да се одвива со средствата за јавен превоз со максимум 50 проценти пополен капацитет. Притоа, задолжително е носењето заштитна маска, а превозниците треба да обезбедат средства за дезинфекција.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски вчера во интервју за „Слободен печат“ потсети дека Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК. Тој напомена дека никој нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита. Тој порача дека заразата со Ковид-19 не се шири со одење на гласање, туку со непочитување на мерките.

– Комисијата доби задача да изготви изборен протокол. Никој никогаш не ни рекол кога ќе бидат изборите. ДИК во полн состав беше повикана кај нас, а од нас беше побарано да им дадеме критериум за да се спроведе изборниот ден. Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК. Но, ние кажавме дека не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Само кажавме кои критериуми треба да се задоволат за да се спроведат. И во соседството се подготвуваат за избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Затоа што никој во нашиот нормален живот нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, за дистанца, ако носи маска или ако се дезинфицира. Значи, направивме протокол кој важи кога и да се одржат изборите, изјави Караџоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Започнува првата фаза од отворањето на грчкиот туризам

НАЈНОВО

Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

October 7, 2025

Меџити: Интензивна изградба на булевари и паркинзи во Чаир е мој врвен приоритет

October 7, 2025

Почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големи и актуелни светски имиња на 44. Скопски џез фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk