ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Верувам дека ќе се усогласиме за здравствените протоколи, за кампањата и за денот на изборите

Секако е јасно, големи митинзи и собири ќе нема. Во моментот додека се бројките високи, ние од СДСМ нема да правиме ниту мали собири, се разбира таму каде се прави тоа е секако на дистанца.

June 15, 2020 16:32
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Државната здравствена комисија пред 10 дена има испратено здравствен протокол до Државната изборна комисија (ДИК), но убаво е и ние политичките партии да изградиме заеднички ставови, рече денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој одговарајќи на прашање дали разговарале со опозицијата како ќе се спроведува изборниот ден, тој рече дека ќе разговараат најверојатно деновиве за стилот и начините на кампањата.

– Би било убаво да биде координирано, а со тоа ќе помогнеме на граѓаните да бидат пред се безбедносно и здравствено обезбедени за да имаат мотивација да излезат во што поголем број на денот на гласањето, а секако на внимателен, безбеден, здравствено обезбеден начин да ја следат кампањата и понудата на сите учесници во изборите, рече Заев.

Логично е, вели тој, дека овие избори ќе бидат поинакви.

– Секако е јасно, големи митинзи и собири ќе нема. Во моментот додека се бројките високи, ние од СДСМ нема да правиме ниту мали собири, се разбира таму каде се прави тоа е секако на дистанца, но ќе ги користиме сите алатки и верувам дека ќе се усогласиме за сите здравствено безбедносни протоколи и за кампањата и за денот на изборите, нагласи лидерот на СДСМ.

Протколите, додаде тој, се веќе доставени, а ако треба ќе се доусовршат. Посочи дека набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР ќе ја почнат мисијата од 19 јуни.

– Ажурирањето на избирачкиот список е фазата каде што сме застанати, ажурирањето е со неколку потфази, каде МВР доставува список, има јавен увид, политичките партии имаат право да реагираат, граѓаните имаат право на управна постапка. Јавниот увид е завршен и останати се уште два дена за политичките партии да реагираат. Сега списокот што МВР го достави треба да се промени со сите што навршиле 18 години до 15 јули. Оттука продолжува понатаму псотапката, рече Заев./МИА/

Next Post

Европската комисија пушти во употреба Интернет страница за условите за патување во ЕУ

НАЈНОВО

Промоција на книгата „Калиграфи на филмското писмо“ од Влатко Галевски

August 9, 2025

Ново финале за Ѓорческа во Куршумлијска Бања

August 9, 2025
Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Македонија против Унгарија по прва победа во претквалификациите за СК 2027

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk