Апелирам до родителите да им укажат на децата и на младите да носат заштитни маски и да не се групираат, напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук.
„Иако поретко заболуваат и најчесто се асимтоматски, тие можат да ја шират инфекцијата. Враќањето кон рестриктивните мерки не е добра опција. Мора сите да се придржуваме до мерките за спречување на ширење на епидемијата“, пишува во објавата на министерот.