Потврден 141 случај на новозаразени од коронавирус на Косово, што е и најголем број досега од почеток на пандемијата.
Вкупниот број на заразени е 1,756 луѓе. Од вкупниот број на заразени, 42 се од Приштина, 30 од Вучитрн, 18 од Пеќ, 11 од Митровица и 9 од Обилиќ.
Освен тие броеви, новозаразени има и во Призрен (7), шест на Косовско поле и повеќе од 20 нови случаи ширум Косово, пренесе Б-92.