Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на прес-конференција од седиштето на партијата ги подвлече најважните точки кои се однесуваат на досегашните и понатамошни политики на СДСМ.
На 15 јули продолжуваме да чекориме напред. Граѓаните ќе ја изберат коалицијата „Можеме“, за зголемена просечна плата, за недела како неработен ден, за појак здравствен систем, за земја од која ќе се извезуваат производи, а не луѓе.
СДСМ се води исклучиво по тоа што е најдобро за државата и за граѓаните. По 6 месеци закоченост, тоа значи стабилна Влада, без неодговорни и незрели министри, Влада со полн политички мандат и капацитет. Наесен да сме во полна сила за соочување со Ковид, за новата учебна година, за новата грејна сезона.
На 15 јули одлучуваме кој ќе ги води институциите и државата. Ќе одиме напред или ќе се вратиме во несигурност и страв. Или ќе работиме заедно, без разлика кој од која партија е или ќе царуваат локални шерифи и криминалот – сами бираме.
Бираме да му кажеме „Збогум“ на неодговорниот, незрел и арогантен Христијан Мицкоски кој руши мерки, промовира неказнивост и шири лажни вести. Тој ниту еднаш не апелираше да се почитуваат мерките за заштита, туку цело време ставаа сопки и го подриваа здравствениот систем, исмевајќи се со здравствената криза. Лажеше за изгубени работни места, за број на тестови, одеше по кафани и теретани кога тоа беше забрането.
На 15 јуни доаѓа промена и во фејк-њуз ВМРО, на еден начин тоа ќе биде пораз за нивно добро.
Како партија, не ги криеме успесите, но не ги криеме ни предизвиците со кои се соочуваме во овој тежок период. Во вас гледаме наш парнер и заедно, со почитување на мерките ќе ја победиме оваа епидемија.
Да бидеме дисциплинирани, да им помогнеме на здравствените работници кои ги ризикуваат своите животи на првата борбена линија.
Јас, како шеф на изборниот штаб на СДСМ и коалицијата, ве уверувам дека СДСМ ќе води 100 проценти безбедна кампања од здравствен аспект. Кампањата започнува на 24 јули и ќе трае до 12 јули.
Ги откажуваме митинзите, големите собири, и сите потенцијално ризични настани за здравјето на сите, но ќе бидеме со вас граѓаните преку социјалните мрежи, билбордите, преку сите канали на комуникација. За луѓето да ги бираме по квалитет, а не по партиски книшки, истакна Николовски во кратката презентација на предвидените активности на партијата во најавеното предизборие.
А. Н. С.