Министерот за здравство, Венко Филипче во пост на Фејсбук ги објави најновите бројки на новозаразени кај нас со Ковид-19, бројот на оздравени и починати пациенти, како и останати подетални информации околу бројот на спроведени тестови во последното деноноќие и скринингот низ градови.
Во последните 24 часа се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на Ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на Ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1.757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.331, напиша министерот за здравство на својот Фејбук профил.
А. Н. С.