Државната изборна комисија попладнево ќе одржи јавна седница на која ќе се расправа за активностите поврзани со спроведувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули.
Според владината уредба со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието, ДИК треба да продолжи со организација на изборниот процес, да го подготви и објави ревидираниот Роковник.
По распишувањето на изборите на 15 јули, ДИК треба да преземе и сите останати технички и административни активности за подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик и владината уредба.