Денеска во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а од болеста оздравеле двајца пациенти.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека два случаи позитивни на Ковид-19, се регистрирани во општина Крушево.
Бројот на активни случаи изнесува 20, од кои 13 се наоаѓаат на домашно, а 7 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус.
Во самоизолација се наоѓаат 65 лица.