Артан не е ниту на листа на кандидати за пратеници, и не може да зборува за тоа што ќе се случи со изборот на премиерот. Вака му реплицираше неговиот сопартиец, Талат Џафери, кој е носител на листата на ДУИ во петта изборна единица, на шефот на кабинетот на лидерот Али Ахмети.
Артан Груби во емисијата Клик плус изјавил дека нивниот предлог за премиер албанец ДУИ ќе го преставува по широки консултации со академскиот свет. Но на денешната прес конференција, носителот на листата во 5 изборна единица, Талат Џафери, јавно побара поддршка и од другите албански партии за името на мандатарот за премиер, изјавувајќи дека тој кој ќе добие мнозинство ќе го предложи името на премиерот.
Одговорајќи на новинарско прашање, која од двете изјави е точна, Џафери, рече дека Артан Груби, не е ниту на листа на кандидати за пратеници и затоа нема ни право да зборува за идниот премиер. Тој рече дека пратеничкиот мандат му дава право да зборува на оваа тема.
“Јас сум кандидат за пратеник и одат едно со друго. Артан Груби не е во листа на кандидати и не може да зборува за тоа што ќе се случи со одредената институција. Јас сум пратеник кој претендира дека ќе претставува еден политички субјект и еден дел од албанскиот електорат и имам полн легитимитет за иднината на тоа што следува во парламентарниот состав”, изјави Џафери.
А. Зеќири