Претседателот на ДУИ, Али Ахмети за косовската телевизија „Клан Косова“ најави дека неговата партија ќе го објави кандидатот за премиер на првиот ден од изборната кампања, пренесува Локално.мк.
-Во моментов во тек се консултации со академската заедница, невладините организации – рече Ахмети, додавајќи дека имаат неколку имиња за кандидат за кои се консултираат.