ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Има уште некои дилеми за гласањето на хронично болните, за оние на домашно лекување и во самоизолација

Доколку секој се придружува до мерките, и тоа е концептот на протоколот, исто како што има протокол за сите други активности, на отворен простор, на затворен простор, апсолутно нема потреба од никаква изолација заради тоа што таа заштита е сосема доволна.

June 17, 2020 16:25
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека има само уште некои дилеми во однос на спроведување на гласање на луѓето кои се наоѓаат на домашно лекување, се во самоизолација и луѓе кои имаат хронични болести на кои треба да им се понуди да гласаат во домашни услови.

Филипче, одговарајќи на новинарско прашања дали ќе има друг протокол за изборите и дали членовите на избирачките одбори по изборите ќе одат седум дена во изолација, информира дека разговарал со претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

– Вчера разговарав со претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски, кој укажа на тоа дека оној протокол од страна на Комисијата за заразни болести и прашањата што прозилегоа од тој протокол од ДИК, а Комисијата за заразни болести ги одговори се сосема доволни. Има само уште некои дилеми во однос на спроведување на гласање на луѓето кои се наоѓаат на домашно лекување, се во самоизолација и луѓе кои имаат хронични болести на кои треба да им се понуди да гласаат во домашни услови, а во смисла на спроведување на здравствениот протокол, во рамки на тој процес пристапот кон луѓето кои се наоѓаат во домашни услови и тоа е единствената работа на која треба дополнително да одговориме, рече Филипче.

Министерот за здравство посочи дека ако се почитуваат мерките, ќе нема потреба од изолација.

– Доколку секој се придружува до мерките, и тоа е концептот на протоколот, исто како што има протокол за сите други активности, на отворен простор, на затворен простор, апсолутно нема потреба од никаква изолација заради тоа што таа заштита е сосема доволна. Тоа е заштитата која лекарите ја носат во услови кога работат со позитивни, заразени пациенти и не е нешто по што некој треба да биде во изолација, појасни Филипче./МИА/

Next Post

Реакција на МЗ: Во моментов во ГАК нема ниту една родилка позитивна на ковид-19, станува збор за вкупно 20 родилки од почетокот на епидемијата до сега

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Од какао до ремек-дело: Чоколадната уметност на Амори Гишон

August 13, 2025

Лазарини: Повеќе од 40.000 деца беа убиени или ранети во израелските напади

August 13, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk