Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во пост на Фејсбук потенцираше на разликите меѓу манипулаторските политики на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и остварувањата на СДСМ, за успехот со полноправното членство во НАТО алијансата кој се должи на решавањето на деценискиот проблем со Грција со потпишувањето на Преспанскиот договор пред 2 години на денешен ден.
Две години по историскиот Преспански договор, ние како држава сме рамноправна членка на НАТО и ги почнуваме преговорите со ЕУ.
Отворивме врати што отсекогаш ни биле затворени!
Во вакви моменти навистина се гледа разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Ние градиме пријателства, решаваме отворени прашања, ја водиме државата напред. А тие кои откако ја урнисаа државата 11 години и нѐ вратија децении назад, правеа сѐ за да го спречат напредокот и интегративниот процес.
Денеска како вистинска фејк-њуз партија, манипулираат фрлајќи сомнеж дека можеби ќе го поништат договорот од Преспа, иако ниту еднаш не кажаа како би го направиле тоа!
Не кажаа зошто немаат ни намера за такво нешто. Договорот без приговор би го почитувале во целост доколку дојдат на власт.
Но, на такви лажни политики Македонскиот народ нема да даде шанса. Затоа на 15 јули продолжуваме каде што застанавме. Заедно можеме повеќе!, напиша генералниот секретар на СДСМ на Фејсбук.
А. Н. С.