„Кога зборуваме за анкети мораме да ги видиме изворите. Ние водиме со четири проценти на анкета која ја има изработено докажан, кредибилен и независен извор. Но ВМРО ДПМНЕ, како со граѓаните така и со анкетите, пласира лажни вести. Фејк њуз ВМРО не може веќе ниту граѓаните да ги излаже, а не може ни своите членови, особено не со анкети од нерелевантни извори, како што е и последната лиферувана од нивна страна.“- рече Николовски.
Тој се надева дека после поразот на изборите, ВМРО ДПМНЕ ќе започне со внатрешни реформи за да ја променат суштината на делување.
„Промените ќе мора да почнат и кај нив, и после изборите да донесат промени во суштината во самата опозиција, која ќе биде вистински коректор на владините политики. На крајот, граѓаните се тие кои го даваат мандатот и тие се вистинската анкета која ќе се случи на 15 јули.“- дополни Николовски во вестите на Канал 5.