Општина Охрид веќе 3 дена отстранува урбана опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, известуваат нашите извори од терен.
Се рушат дивоградбите на потегот од Горица 3 до Свети Стефан.
Се работи за отстранување на урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.
По завршувањето на рушењето на дивоградвите на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.
Според Општина Охрид, објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.