ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сообраќај по претежно суви коловози, се препорачува прилагодена брзина

June 17, 2020 08:10
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Владата донесе протокол за транзит на странски државјани на нашата територија. Истиот овозможува транзит само преку граничните премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје. Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг, со обврска при транзитот да не се напушта соодветниот автопат или локал пат, и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа, а истото ќе се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба да се предаде на граничната полиција со цел да се контролира времeтраењето на транзитот.

Според информација од МВР, за македонски државјани, граничните премини за излез од државата се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.

При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.

На регионалниот пат Р2249 Мелнички Мост центар Жупа на делот од село Брештани до село Коџаџик поради изведуваање на градежни работи на пат (асфалтирање). Во периодот од 11:00 до 13:00 часот сообраќајот ќе биде во целосен прекин. Изменетиот режим ќе трае до звршување на градежните работи.

Виадукт трејд известува дека на ден 25.05.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16 км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај,во времетраење од шест до девет месеци.

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започнува на 20.03.2020 год. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.

ДОО “Стентон Градба” – Битола известува дека поради изведување на градежни работи, поточно санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), од 24.02.2020 г. ќе има времено изменет режим на сообраќај се додека траат градежните работи, кои ќе траат во наредните 4 месеци. Проектираното времено сообраќајно решение предвидува забрана за сообраќај во зоната на градежни работи, па поради тоа пренасочување ќе има на дел од автопатот А1 зона клучка Велес Југ и во градот Велес преку стар мост кон автопат А1.

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Next Post

Пекинг воведува карантин поради вториот бран на коронавирусот

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk