Според најновата анкета на ИФЕС (International Foundation for Electoral Systems) спроведена во периодот од 30 мај до 4 јуни, од 1111 испитаници на возраст над 18 години од различни профили, над 65% одговориле дека ќе гласаат на престојните предвремени парламентарни избори закажани за 15 јули, јавува Канал5.
Од анкетираните, 20% одговориле дека својот глас ќе го дадат за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, додека 16% се изјасниле дека ќе гласаат за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
За споредба, од испитаниците прашани и за кого го дале својот глас на последните одржани избори, речиси 23,9% одговориле дека својот глас го дале на коалицијата предводена од СДСМ наспроти 17,6% кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери. За ДУИ гласот го дале 7,4%, за Алијанса за Албанците 4,8%.
Многу граѓани одбираат да го искористат своето право на глас и притоа да го поништат изборното ливче, како што било случај со последните избори кај нас, кога тоа го сториле 2,9%, а 14,9% не го ни искористиле правото на глас.
А. Н. С.