ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Интервју со Насер Харуни: На децата секогаш им велам дружете се, не го трошете талентот со тепање по автобуси

June 18, 2020 15:02
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МОЗАИК

Пред неколку дена убава вест се рашири на социјалните мрежи, хуман гест кој пренесе силна порака. Насер Харуни, поранешен боксерски шампион на Македонија, боксерски тренер и сопственик на клуб во Старата скопска чаршија, најде чанта со голема сума на пари и документи, и ја врати кај среќниот сопственик.

Овој хуман гест, кој допре до многу луѓе, испрати силна порака дека и покрај различностите пред сè најважно е да бидеме луѓе. Со денови на нашиот портал ова беше најчитана вест, и по тој повод тимот на Фронтлајн направи кратко интервју со Насер.

ФРОНТЛАЈН: Насер, гестот што го направи пред неколку дена одекна во јавноста како пример за чесност, хуманост, но и меѓусебна почит меѓу различните заедници кај нас. Кажи ни накратко за случката, дали воопшто постоеше мисла да постапиш поинаку?

НАСЕР: Никогаш не би помислил нешто друго, кога знам дека туѓо е, и нормално дека на некој друг тоа му припаѓа. Такво размислување никогаш не сум ни имал, и нема да имам.

ФРОНТЛАЈН: Оние што добро те познаваат, излегоа со многу информации и коментари дека на некој начин, имаш скриен талент да обединуваш, независно од верските и националните определби. Која е твојата тајна, како успеваш во тоа?

НАСЕР: Сите тие што ме знаат, знаат дека сум во Капан Ан, и кога чаршијата беше, може да кажам, умрена, јас со моите најблиски преземавме иницијатива, го скршивме ледот, но на почетокот сите имаа предрасуди за чаршијата, лоши муабети.. Но почнаа после да се организираат журки кај нас, во Капан Ан, и Македонците се вратија во чаршијата, видоа дека не е онака како што размислуваа порано, и сега супер се дружиме и убаво ни’ е.  Инаку сум и поранешен шампион на Македонија во тешка категорија, сум тренер на Боксерски клуб „Шкупи“, и сум тренер на Младинската репрезентација на Македонија.
Секогаш и на децата им велам да се дружат, а не да се тепаат во автобуси, бидејќи нивниот талент треба да го докажат во ринг, а не на улица.

ФРОНТЛАЈН: Дали си се соочил некогаш со националистички напади?

НАСЕР: Сме имале такви случаи, но знаете како викаат старите, од едното уво влегува, од другото излегува. Не се замарам со такви работи, сме имале такви ситуации, но нема потреба да се зборува за тоа.

Искра Ежова
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети


Насер му ја вратил изгубената чанта со пари на Ѓокица

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Нови 182 позитивни на Ковид-19, познати големите кластери, инспекцијата за родилката-лекарка продолжува во МВР...

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk