ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

June 19, 2020 19:02
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 8.647.266. Од нив починале 458.053, а оздравеле 4.571.782 луѓе.

– Бројот на заразени со коронавирус во Египет достигна 50.437 лица, откако во земјата се пријавени 1.218 нови случаи. Досега од Ковид-19 починаа 1.938 пациенти. Најнаселената арапска држава воведе рестриктивни мерки во март, затворајќи ги училиштата, рестораните и укинувајќи ги речиси сите меѓународни летови.

– Во Германија во претходните 24 часа бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 770, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Истовремено од последици на Ковид-19 починаа уште 16 лица, со што вкупниот број на смртни случаи е 8.872. Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани вкупно 188.534 заболени.

– Во текот на ноќта во Албанијa починаa уште две лица заболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 41 лице. Станува збор за 67-годишен маж од Тирана и 73-годишна жена од Скадар, кои боледувале и од други болести. По еден период на едноцифрени и ниски двоцифрени бројки на новозаразени, од минатиот понеделник бројот на заболени во едно деноноќие се движи од 50 до 82 лица. Вчера беа потврдени 66 нови случаи. Од почетокот на пандемијата вкупно заразени се 1.788, оздравеле 1.086, додека активни на болеста се 633 луѓе.
– Континенталниот дел на Кина пријави уште 32 случаја на коронавирус, од кои 25 се во пекинг, соопшти Националната здравствена комисија на Кина. Вкупно во земјата има 83.325 заразени. Локалните власти го ограничуваат движењето на луѓето во Пекинг и ги зајакнуваат другите мерки, со цел да се спречи дополнително ширење на вирусот, откако се забележани повеќе инфекции на локално ниво.
– Во Индија се регистрирани 13.586 новозаразени во последните 24 часа и тоа е најголем пораст на заболени во еден ден. Според податоците на Министерството за здравство, пријавени се и нови 336 починати. Вкупно во земјата се заразени 380.532 случаи, а починати 12.573 лица.
– Во Русија во последното деноноќие се забележани уште 7.972 случаја на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени достигна 569.063. Тоа значи дека трет ден по ред бројот на новозаразените нема надминато 8.000. Во последните 24 часа починало 181 лице, а вкупниот број на смртни случа во земјата достигна 7.841.
– Во Словенија се регистрирани два нови случаја на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.513. Бројот на смртни случаи останува ист – 109. Последниот заболен од Ковид-19 почина на 31 мај.
– Неколку болници во САД ги лекуваат заразените со Ковид-19 со дексаметазон, без да чекаат потврда од научното истражување, чии прелиминарни резултати укажуваат дека тој ценовно најпристапен стероид ја намалува стапката на смртност кај тешките случаи на коронавирус.
– Фабрика за преработка на месо во западен Јоркшир е затворена поради локално ширење на новиот коронавирус. Тоа е трета фабрика во Велика Британија која е затворена, бидејќи станала жариште во изминатите неколку дена. Британија е најтешко погодена со коронавирусот во Европа со над 42.000 смртни случаи. Вистинскиот број на починати веројатно е поголем бидејќи сите жртви на Ковид-19 не биле тестирани.
– Чешка денеска пријави најголем број на новозаразени со коронавирус по два месеца, откако се забележани над 100 заболени третпат од средината на април. Во изминатите 24 часа во земјата се потврдени 118 новозаразени, со што вкупниот број достигна 10.283. Досега во Чешка починаа 334 лица.
– Во Австрија во последните 24 часа се регистрирани 48 нови заразени случаи со Ковид-19. Од нив најголем број, 35, се потврдени во Виена.
– Според официјалните податоци на Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска во изминатото деноноќие се потврдени 11 новозаразени лица со новиот коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.280. Досега од коронавирус починаа 107 луѓе./МИА/
Next Post

Филипче: Помалку од 15% од заболените од Ковид-19 се хоспитализирани

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk