Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во пост на Фејсбук ја промовира новата канцеларија „Една точка на услуги“, која е целосно уредена по најнови стандарди со цел полесна услужливост на граѓаните и избегнување на досегашните редици и стоење пред шалтерите.
Денеска го промовиравме новиот изглед и начин на работа на салата „Една точка за услуги“.
Просторот е целосно модернизиран и следи најнови стандарди за тоа како функционира еден простор, сервисно ориентиран кон граѓаните.
Но, не е само новиот изглед, станува збор за целосно нов принцип и култура на работа во јавната администрација.
Шалтерите конечно се минато, вработените работат во пријатна атмосфера, а граѓаните веќе нема да бидат дел од долги шалтерски редови.
Една точка за услуги ќе биде место каде брзо, ефикасно и најбитно достоинствено ќе ги добиваат сите потребни услуги, напиша Манчевски на Фејсбук.
А. Н. С.