ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Плати па клати“ од Честер Браун – нова графичка новела во издание на Темплум

June 19, 2020 10:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве во издание на книгоиздателство Темплум излезе графичкиот роман „Плати па клати: мемоари на еден уживател на проституција во слики и зборови“ од канадскиот автор Честер Браун. Преводот од англиски го направи Ивана Галапчева. Книгата има 292 страници во тврд повез и е единаесетто издание во стрип едицијата Лифт.

Се работи за, во Канада, а набрзо и ширум светот, најдискутираниот и прилично контроверзен графички роман од 2011-та. Графичката новела постигна забележителен критички и читателски успех, а како четиво кое адресира важни прашања околу сексуалната работа, доби поддршка од претставници на движењето за правата на сексуалните работници, вклучително и од Трејси Куан, Ени Спринкл и Меги Мекнил.

Двајт Гарнер од Њујорк Тајмс вели за стрипот: „’Плати па клати’ удира серија морални, интелектуални и возбудливи шлаканици. Ќе ви остане во глава, а веројатно и ќе ви застане во грло. Се работи за реалистично уметничко дело кое ги поставува вистинските прашања.“

Алан Мур, славниот стрип автор, вели: „Честер Браун е веројатно најјасниот, најискрениот и најрелевантниот глас во современиот стрип денес, а ова е, сметам, неговото најснажно и најтрогателно дело досега. ’Плати па клати’ го истражува животот на клиентите на најстариот занает на светот и тоа го прави со љубов, интелигенцијa и потполно отсуство на сентименталност или правдање за своите постапки.“

„Плати па клати“ е автобиографски стрип во кој Браун мошне емпатично и внимателно ги пренесува своите искуства од светот на проституцијата. Започнува од своите плашливи и несигурни почетоци, кога влегува без речиси никакви сознанија и постепено ги учи правилата на однесување и логистиката, до фазите кога некои од неговите средби со сексуалните работнички му стануваат многу важни долгорочни емотивни релации.

Темата на Браун е суштински фасцинантна – кого макар малку не го интересира сексуалниот живот на другите луѓе? Притоа Браун не само што е цртачки и сценаристички на највисоките можни нивоа, туку фасцинира и спојот меѓу хуморот и драмата со кој се проткаени неговите ‘девојки’. Браун дава човечки лик на често оцрнуваниот и карикиран лик на клиентите во проституцијата. Тој пишува со искреност и сочувство кои ретко се гледаат при тематизирање на мажите кои плаќаат за секс.

Браун ги документира своите средби со триесетина проститутки, од оние најнепријатните, чудни и тажнички средби, до оние најсимпатичните, топли и успешни. Минималистички илустрирани, дури и секс-сцените се пренесени воздржано и нееротизирано, и имајќи ги на ум бројните аспекти во кои авторот чувствувал должност да ја зачува анонимноста на жените. Ненаметливиот, игрив хумор, најчесто на сопствена сметка, со кој е проткаен стрипот, го прави главниот протагонист трогателно допадлив. Воедно, неговата нездржана искреност често оправдано провоцира реакции, а Браун ужива да поттикнува жестоки и остри дискусии.

Невообичаено за жанрот е што на крајот од книгата се поместени педесетина страници забелешки и полемичка дискусија во која авторот ги изложува своите аргументи за декриминализација и дестигматизација на сексуалната работа. Тоа го прави добро поткован со цитати од теорија и истражувања, но неговиот говор не е академски сувопарен, туку прегледен и приемчив и се чита во еден здив, дополнително потенцирајќи ја динамичноста на темата.

Честер Браун (1960) е современ канадски стрип автор и илустратор. Неговиот прв поголем успех во алтернативните стрип кругови беше во 1980-тите со надреалниот, скатолошки серијал „Ед, среќниот кловн“, кај нас објавен во продолженија во списанието за стрип „Лифт“ (1996-2001). Во раните 1990-ти Браун почна да прави исповедни автобиографски стрипови и тогаш често беше поврзуван со колегите од Торонто, Сет и Џо Мет, кои често се појавуваат како ликови во неговите стрипови. Во овој период ги објави „Плејбој“ (1992) и „Никогаш не си ми се допаѓал“ (1994). Неочекуван голем успех оствари во 2000-тите со историско-биографскиот графички роман „Луј Риел“ (2003).

Едицијата графички новели Лифт на книгоиздателството Темплум беше започната во 2017 година. Едицијата ја продолжува и осовременува традицијата на стрип списанието „Лифт“ кое излегуваше од 1995 до 2001 година. Денес едицијата брои единаесет наслови од најреномираните стрип автори од светот.

Next Post

Отстранета статуата на Кристофер Колумбо од Сан Франциско

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk