На Фејсбук веќе неколку денови постои група во која се објавуваат фотографии со неодоговорно и непримерно однесување на сограѓани и политичари, кога се во прашање почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Во прилог, дел од објавените фотографии.
Во описот на групата пишува:
„Преку глава од оние што не ги почитуваат мерките за заштита од Коронавирус, во услови кога секојдневно има нови случаи на заразени. Мекици, свадби, слави, митинзи…ама веќе! Со кој памет?
Оваа група е граѓанска иницијатива да маваме виртуелни шлаканици на сите кои се групираат, не држат растојание и не носат маски, и со тоа дозволуваат вирусот да се шири и на тој начин да не стават во опасност и ни ги загрозуваат и нашите животи и животите на нашите најблиски.
Овде ќе фрламе слики од сите кој ќе ни се појават на социјалните медиуми, а гледаме дека не ги почитуваат мерките. Роднини, пријатели, и различни групи на луѓе на кој ви ги следиме страните- мислете му ја! Како што на „Sид на сообраќајниот срам“ ги шамараме за некултурата во сообраќајот и со тоа ја подигаме свеста кај сите учесници во сообраќајот, и си ги спасуваме нашите нерви и животи во иднина, така овде ќе ја дигаме свеста кај сите да ги почитуваат мерките и да се заштитиме и себеси од Ковид.“
И.Т.З.