пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Една од поубавите вести е донесувањето уредба дека годинава нема да се исплатат 4 и пол милиони евра од Буџетот за политичките партии.
Драго ми е за оние што донесоа морално исправна одлука и се откажаа од овие пари уште пред уредбата. Но, уште подраго ми е за партиите, што за разлика од некои, не сакаа да се откажат од парите во време на здравствена криза и се правеа наудрени. Оние де, и најпатриотските и најлевичарските, што му мислат најдобро на народот.
Ќе има помалку парички за ширење алуминиум, омраза, плаќање фарми на ботови и портали, а повеќе за здравствените работници, за сиромашните, за борба со вирусот.
Па како да не ги игнорира човек денешните глупости, и барем малку да не поужива во нивниот молк и во свиснатите патриотско-левичарски муциња, оросени со солзи од грижа за здравјето на граѓаните?
#NemaPariNemaMir
#AluminiumOverMaximum