ХОТЕЛИЕРИТЕ подготвени за почеток на работа. Гости со маски, рецепционери и келнери со визири. Соби без украсни перници, ленти и прекривки.
УРЕДБИ со законска сила на Владата:
- Скратени четири милиони евра за исплата на политичките партии за 2020 година Изразено во евра, околу четири милиони евра се скратени за исплата и ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата, а за политичките партии преостануваат нешто повеќе од милион евра кои ќе треба да биде распределени согласно законските прописи.
- Кафулињата и рестораните ќе работат по старо, во работните денови до полноќ, за викенд до 1 часот наутро.
- Дополнителни 22 милиони денари за активностите на центрите за јавно здравје и ИЈЗ.
- Дополнителна јулска испитна сесија за полагање правосуден испит.
- Се ослободуваат од работа жените чие породилно отсуство завршило меѓу 11 и 17 март.
СЕ ОЧЕКУВА спласнување на скопското жариште од Ковид-19. Во земјава се активни 2.735 случаи на заболени со Ковид-19, од кои најголем број се во Скопје, односно 1.593.
ФРОНТ: Помалку пари за алуминиум, повеќе за борба со вирусот, леванка и десанка молчат и плачат, има ли поубаво? – пишува Петрит Сарачини.
ФИЛИПЧЕ: Не постои ниту еден податок дека некој се заразил ако ги почитувал мерките
НАЈМЛАДАТА нобеловка Малала дипломира на Оксфорд Јусуфази, која сега има 22 години, беше застрелана во глава во 2012, откако била плански таргетирана заради нејзината кампања против напорите на Талибан да им забранат на жените образование.
Д-р СТЕВАНОВИЌ: Секако дека ме загрижува напливот на пациенти
ЛУКАРЕВСКА: Имаме добра наплата на даноци, економските мерки даваат ефект.
ГОЛЕМ интерес за смерот за медицински сестри на уписите во средно, в понеделник тестирање Средните училишта во земјава попладнево по 15 часот ги објавија ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок за средно образование.
Ј. Ѓ.