Поранешната улица „Самоилова“ во Точила, една од најголемите населби во Прилеп, која до вчера беше проблем за учесниците во сообраќајот, сега има нов, современ лик.
Најважната сообраќајна артерија во населбата „Точила“, во должина од 1.400 метра, доби нов асфалт на вкупна површина од 10.000 м2.
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, подвлекува дека двете улици кои ја поврзуваат населбата Точила со останатиот дел од градот, беа во исклучително лоша состојба и со голем број на ударни дупки. Со нивната реконструкција, улиците „Самоилова“ и „Војводинска“ довиваат целосно нов лик, а граѓаните на Прилеп добиваат две новоасфалтирани улици по сите современи стандарди.
-Сè што ветивме, активно го работиме на терен: преку 400 километри патишта, дваесетина проекти за канализации и водоводи, изградба на магистралниот гасовод и други капитални проекти. Оваа Влада покажа како треба да се работи, цела држава е едно огромно градилиште и уверувам дека со исто такво темпо ќе продолжиме да работиме и понатаму, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Ј. Ѓ.