– Македонската почва нуди огромни богатства, имаме ресурси, знаење и желба за работа и со соодветен план тие ресурси целосно ќе ги искористиме, пишува на ФБ лидерот на СДСМ Заев.
Тој истакнува дека СДСМ силно го поддржува земјоделството и Владата предводена од СДСМ тоа и го покажува преку третиот пакет економски мерки.
– Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка земјоделството во Северна Македонија да стане една од најпродуктивните и најисплатливите гранки. Здравствената криза покажа дека домашното производство во сите гранки е најважно. Затоа треба да го подготвиме земјоделството – да ги искористиме сите потенцијали за поголемо производство и продолжување на инвестициите, за рестарт на економијата, вели Заев.