ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ѓилас: Лажните избори на Вучиќ не успеаја, излезноста е помала од 50%

Од СзС излегоа и со соопштение во кое се наведува дека заради многу нискиот одзив на изборите во поголемите градови во Србија, владејачката Српската напредна партија (СНС) започнала невидени притисоци врз граѓаните, кои ги надминуваат сите претходни, а придружени со закани, уцени, па дури и физичка принуда.

June 21, 2020 21:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, која ги бојкотираше изборите, изјави вечерва дека „овие лажни избори на Александар Вучиќ не успеаја“ затоа што на нив се излезени помалку од 50 отсто од гласачите.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓилас на прес конференција кажа дека според нивните податоци на изборите излегле 42 проценти од гласачите, а само 36 проценти во Белград.

Како што оцени тој, излезноста на денешните избори не би можела да биде поголема од 42 проценти, и дека сите странски медиуми оцениле дека доколку излезат помалку од половина од избирачите, власта нема да има легитимитет.

-Она што се случи од 17 часот до 20 часот, да луѓето гласаат со пет проценти на час, а гласачките места се празни, сите знаат дека не е реално. Овие податоци се идентични со оној факт дека на секои 10 секунди загинува мијач на прозорци во САД, кажа Ѓилас.

-Идната нова влада нема да има легитимитет, кажа Ѓилас кој оцени дека сега постојат две можности – режимот да продолжи да работи како порано и да ја доведе земјата во натамошни тензии, или со посредство на Европа, да дојдеме до ситуација да имаме фер и чесни избори.

Од СзС излегоа и со соопштение во кое се наведува дека заради многу нискиот одзив на изборите во поголемите градови во Србија, владејачката Српската напредна партија (СНС) започнала невидени притисоци врз граѓаните, кои ги надминуваат сите претходни, а придружени со закани, уцени, па дури и физичка принуда.

СзС во соопштението наведува, дека покрај телефонското вознемирување, партиски активисти оделе до вратите на домовите на граѓаните, нуделе обезбеден превоз, кој чекал пред станот или куќата и ги уценувале граѓаните што ги имале на списоците.

-Како што одминуваше времето, бруталноста се зголемуваше, а овие методи беа применети кон сите категории на население, особено за вработените во јавниот сектор и граѓаните, кои морале да ги стават на список на „безбедни гласови“, а на некои од нив денес беа делени „пакети“ или се давани пари, тврдат од СзС.

Во соопштението се посочува дека на посебен притисок биле изложени социјално загрозените семејства и дека цели населби со ромско малцинство биле окупирани од џипови и комбиња, во кои биле присутни партиски активисти со списоци./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Иран призна голема штета на нуклеарните постројки

June 27, 2025
фото: МИА

Пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево во повеќе делови од земјава

June 27, 2025

Петровска за Цивил: Одбраната не е само оружје, туку стратегија за развој и безбедност – 5% од БДП е шанса, не товар

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk