ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Карпош – најтранспарентна скопска општина

June 21, 2020 10:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Карпош е рангирана како прва локална самоуправа во најголемиот, скопски регион според нивото на активна транспарентност во истражувањето „Индекс на активна транспарентност 2020“. спроведено од Центарот за граѓански комуникации во соработка со УСАИД.

Како што информираа општинските власти, Карпош е и втората најдобра општина според активната транспарентност на национално ниво, веднаш по Велес, а при рангирањето на сите институции е трета, по Министерството за одбрана (1) и Велес (2).

– Под активна транспарентност се подразбира објавувањето на информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Утврдено е дека Карпош ги има објавено најголемиот дел од потребните информации: контакт од лицето координатор за пристап до јавните информации, податоци за градоначалникот, надлежностите на општината, листа на раководители на сектори со контакти, статут, службени гласила, донесени ДУП-ови, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека во делот на финансиската транспарентност, Општината редовно го објавува и Буџетот, завршната сметка, ревизорските извештаи, а унапредување има во делот што од оваа година започнавме и со објавување на Граѓански буџет, со цел  да се постигне поголема информираност на граѓаните за начинот на трошење на буџетските средства.

– Исто така, тековно се известуваат граѓаните преку соопштенија за јавност и изјави, а локалната самоуправа сериозно работи и на респонзивноста, со тоа што постојано се одговара на граѓаните преку официјалните канали за комуникација (социјални мрежи, e – mail, мобилната апликација „мЗаедница“). Активната транспарентност и помага на институцијата да биде поодговорна во трошењето на јавните пари, а граѓаните да бидат влучени во процесот на одлучување. Овие постигнувања се поттик за унапредување на транспарентноста и во претстојниот период, се додава во соопштението на Општина Карпош.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Еруптираше вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk