Во ПОСЛЕДНИТЕ 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19.
РЕПУБЛИКА Северна Македонија се поврзува и внатрешно и кон соседните земји, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој заедно со потпретседателот на партијата и носител на листата во Изборната единица 3, Љупчо Николовски.
МИНИСТЕРКАТА за одбрана, Радмила Шекеринска: Ќе се санира најкритичниот дел од езерото, ќе се чистат каналите и 20 пумпни станици на потегот Охрид-Струга.
ЗАЕВ: Се реконструира целиот Коридор 8, целосно се обновува патната мрежа што нѐ поврзува со Република Бугарија. Република Северна Македонија се поврзува и внатрешно и кон соседните земји.
ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на СДСМ, Љупчо Николовски: Истокот беше еден од најзапоставените региони во минатото. За многу кратко време направивме многу работи за кои нема да се срамиме. СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ има уште поголем и амбициозен план за Истокот во следниот период, за следниот мандат и за целата наша земја.
БЕСА: Како што сте информирани веќе неколку месеци, АВМУ односно директорот на оваа агенција Зоран Трајчески со своите постапки се става во партиската служба на претходниот режим ВМРО-ДУИ, обидувајќи се во било која форма и начин да му наштети на Движењето БЕСА.
ДЕНЕС Град Скопје на својата официјална Фејсбук страна соопшти дека се отстранети рекламните објекти од тротоарите на Улица „Св. Кирил И Методиј“ кај ТЦ Рамстор.
НА парламентарните, покраински и локални избори во Србија излезноста до 15 часот изнесува 30,08 отсто и таа според Црта е за 2 отсто помала од парламентарни избори во 2016 година.
ВО Босна и Херцеговина во последните 24 часа се регистрирани 77 нови случаи на коронавирус.
БРОЈОТ на заразени со коронавирусот во Хрватска расте во последните четири дена, а денеска има 17 новозаразени.
МИНИСТЕРСТВОТО за здравство на Израел им нареди на болниците во државата да ги отворат одделенијата за пациенти со коронавирус поради нагло зголемување на бројот на новозаразени во последните неколку дена, изјави денеска портпаролот на Министерството.
СКОПЈЕ годинава ќе биде еден од 12-те градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката. Вечерва ќе настапат Фолтин и музичкиот настан ќе бидат емитуван низ светот преку дигиталните канали и профили на организаторот (Асоцијацијата Европскиот ден на музиката – European Music Day Association).
РОМАНСКИОТ национален институт за хидрологија и водостопанство прогласи црвен метео-аларм поради водостојот на Тамиш, јавија локалните медиуми.
РУСКИОТ град Верхојанск во Сибир, познат по тоа дека има најекстремни температури во светот, забележа рекордни 38 степени, соопшти руската метеоролошка служба.
А. Н. С.