БОЛНИЦАТА на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле денеска го прими првиот возрасен пациент позитивен на Ковид-19, а хоспитализирани се и две деца кои се позитивни.
ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА Мила Царовска на својот профил на Фејсбук објави за капиталните инвестиции во патната инфраструктура кои и покрај пандемијата се одвиваат со забрзано тепмо, притоа и со придржување кон сите заштитни мерки и најави дека покрај досега инвестираните 1 милјарда евра, најавени се уште 2 милјарди во наредните неколку години.
МАКЕДОНСКИТЕ оператори вечерва во 18 часот ја реализираа најавата за времен прекин на реемитувањето на сите ТВ програми, освен на јавниот сервис МРТВ, во знак на протест поради, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.
МИНИСТЕРОТ за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, со реакција укажа дека со денешната постапка за прекин на реемитување на програмите од страна на операторите во земјата, се прекршуваат неколку членови од Законот за електронски комуникации.
АЛБАНСКОТО Министерство за инфраструктура и енергетика соопшти дека од утре повторно се воспоставува поморскиот сообраќај, прекинат на 10 март поради пандемијата со Ковид-19.
ПО цели 3 месеци, претседателот на САД, Доналд Трамп доби дозвола за да организира митинг во рамките на неговата кампања за втор мандат. Митингот се одржа во Тулса, а иако беше најавена огромна посетеност, салата со капацитет од 19.000 одвај била исполнета.
А. Н. С.