21 јуни е Денот на Охридското Eзеро, на најголемото и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Во 1979 беше прогласено за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО, напиша во пост на Фејсбук министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
За жал цела деценија бевме сведоци на неконтролирано градење, негрижа на колекторскиот систем и рибниот фонд. Наместо Светско културно наследство ќе добиевме нова титула, загрозено.
За среќа ја препознавме пораката. Работиме и ги поправаме грешките. Колекторскиот систем почна со работа. Ќе се санира најкритичниот дел од езерото, ќе се чистат каналите и 20 пумпни станици на потегот Охрид-Струга.
Охридското езеро повторно ќе го добие својот сјај. Можеме уште повеќе, уште подобро, стои во Фејсбук постот на министерката.
А. Н. С.