Пред неколку дена, Македонските оператори соопштија дека од денес, 21 јуни, времено ќе го прекинат реемитувањето на сите ТВ програми, освен на МРТВ, во знак на протест поради, како што посочуваат, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.
Денес, на својот официјален Фејсбук профил, Телеком прв го најави протестот и информираше дека времено ќе го прекине реемитувањето на сите телевизиски канали, освен јавниот сервис МРТ.