Наместо досегашното работно време до 22 часот, рестораните и кафулињата ќе работат до полноќ за време на работната недела, а до 1 часот по полноќ за викендите. Ова го соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши на својот профил на Фејбсук.
Донесена одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викендот, напиша министерот за економија, Бектеши.
А. Н. С.