Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се регистрирани 77 нови случаи на коронавирус.
Како што објави Федералниот институт за јавно здравје во Федерацијата БиХ, во изминатото деноноќие биле тестирани 518 примероци, од кои 42 биле позитивни за Ковид-19.
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 91 луѓе со позитивни резултати од тестот за коронавирус, а едно лице починало, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 261.
Во последното деноноќие тестирани се 3.269 лица.
Од почетокот на епидемијата, во Србија има вкупно 12.894 заразени, а во моментов се активни 589 случаи од кои 19 пациенти се на респиратор./МИА/