ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковид-19 не смее да ја укине поддршката за граѓанските организации

June 22, 2020 16:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Локалните власти на Велес, Крива Паланка и Неготино, во вториот месец од вонредната состојба и постепеното олабавување на мерките за заштита, ги намалија активностите и информациите поврзани со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Кризните штабови поретко се состануваат, а општинската администрација започна со редовна работа, во согласност со препораките и протоколите на Владата. Донациите, исто така, се намалија, додека спроведените јавни набавки најчесто се со мала вредност или се со поедноставена отворена постапка, пишуваат од Активо – Центар за активни граѓани.

Од таму велат дека заради здравствената криза дел од општините ги ревидираат и ги кратат буџетските средства за определени области, како на пример, културата и финансиската поддршка на граѓанските организации. Општина Крива Паланка веќе донесе одлука годинава да не издвојува средства за локалните граѓански организации, а општина Велес доцни со одлуката за распределба на средства наменети за граѓанските организации.

Иако, општините од една страна, располагаат со ограничени финансиски средства, а од друга страна се соочени со големиот предизвик да се справат со постојната здравствена криза, сепак, препорачуваме поддршката за локалните граѓански организации да не секнува. Укинувањето или задоцнетата финансиска поддршка дополнително ќе го заслабне локалниот граѓански активизам и ќе ги оневозможи граѓанските организации да им даваат помош и услуги на ранливите категории граѓани, но и да работат на проблеми кои се исклучително важни/ суштински и во време на криза, како на пример, доброто владеење, инклузивноста, транспарентноста и отчетноста на властите и на институциите, културата, заштита на животната средина. Секако, доделувањето финансиска поддршка треба да се одвива според јасни и транспарентни критериуми и процедури, како и да не се практикува пред и за време на избори.
Едновремено, препорачуваме општините Крива Паланка и Велес засилено да го поттикнуваат активното функционирање на месните заедници како основна форма на вклучување на граѓаните во процесите на консултација, креирање и спроведување на локалните политики. Комуникацијата со претседателите на месните заедници треба да биде постојана, а што се однесува, пак, до општина Неготино, препорачуваме локалните власти што побрзо да го започнат процесот на формирање месни заедници особено во руралните средини.

НВО Инфоцентарот, мониторингот на работата на општините и вклучувањето на граѓаните за време на здравствената криза, го реализира во соработка со граѓанските организации од Крива Паланка, Велес и Неготино – Спектар, Активо и СПО Кул, и се однесува на периодот април – мај 2020 година. Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево

July 18, 2025
Israel atack on Gaza church Photo source: Video of Al Jazeera

Израел изврши напад врз единствената католичка црква во Газа, три лица убиени, еден свештеник е ранет

July 18, 2025

Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk