Универзитетскиот професор Марјан Петрески, за емисијата „Топ тема“ изјави дека економскиот удар што го очекувавме не го забележуваме во толкава сила.
„Меѓутоа тоа не значи ударот нема да го има. Може со сите претходни мерки тој удар малку да се раздолжи и ќе трае подолго од очекуваното. Во однос на платата, падот е помал и тоа се должи на неколку причини, но најмногу дека во април некои фирми кои корстеле внатрешни резерви и покрај тоа што аплицирале за мерката од 14.500 по работник и податокот дека уделот на некои фирми кои што не исплатиле плата се зголемил во однос на претходниот период“, смета Петрески.
Тој дополнува дека мерките за задржување на работните места си ја заврши својата улога, односно овозможија задржување на работните места и затоа гледаме дека нема драстичен пад на платата.