ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска во Вевчани: Инвестираме во малите општини, за побрз локален и регионален развој

June 23, 2020 14:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Реконструкцијата на старото основно училиште и негово трансформирање во мултуифункционален туристички објект ќе придонесе за збогатување на туристичките содржини во општина Вевчани, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска по извршениот увид на завршените и тековните активности за реализација на потпроектот „Туристички центар Вевчани – еден центар, еден туристички производ“, заедно со замениците министри за економија и за локална самоуправа,  Кирил Колемишевски и Дејан Павлески, во придружба на градоначаникот на Вевчани Сашо Јанкоски.

-Владата во соработка со Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на Светската банка обезбеди еден милион евра за реконструкцијата на овој објект. Содржината која ќе ја понуди овој мултифункционален објект ќе испровоцира многу туристи од нашата земја и од странство да го посетат Вевчани. Оваа општина поседува големо културно богатство, кое ќе биде презентирано во музејот во рамките на објектот, а се одликува и со убава природа, во која може да уживаат туристите кои ќе ја посетат, изјави Царовска.

Владата, посочи, има една чиста цел, а тоа е да се инвестира во развојот на малите општини, во помалку развиените региони, затоа што само на тој начин можеме да инвестираме во вистински економски развој во целата држава.

-Целиме кон тоа секоја општина да го достигне максималниот потенцијал и да имаме рамномерен развој на регионите, со што ќе се максимизира и економскиот раст на државата. Со вложувањето во локалниот туризам, ја промовираме државата и даваме можност туристите од светот, но и домашните туристи ги посетат овие места и на тој начин да се развива локалната економија, нагласи Царовска.

Заменик-министерот Павлески посочи дека инвестицијата од околу еден милион евра во реконструкција и опремување на мултифункционалниот туристички објект е од големо значење за општината, бидејќи во него ќе биде изложено големото културно богатство на Вевчани.

-Тука се и познатите „Вевчански извори“, кои се посетени од голем број на туристи, а со изградбата на овој објект, туристите ќе можат да добијат повеќе информации за Вевчани и за целиот регион. Со вложувањата во подигнување на конкурентноста, се зголемуваат потенцијалите на општините, се забрзува локалниот и регионалниот развој, а Владата го препознава потенцијалот на општините и вложува во нив, рече Павлески.

Во изминатите три години, прецизира, Министерството за локална самоуправа со 23 милиони денари поддржа неколку проекти во Вевчани, со кои се подобрува животот на граѓаните. Тоа,како што кажа, се проекти за изградба и рехабилитација на улици, канализација, подобрување на енергетската ефикасност на објекти и изработка на проектно-планска документација.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Наскоро реконструкција на плочникот во Порта Влае

НАЈНОВО

Скриншот

Дождот ги разубавува улиците на Сеул со скриени уметнички мурали

October 7, 2025

Сирија и курдските сили постигнаа сеопфатно примирје на северот

October 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk