ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ објави Прирачник за етичко известување од избори

June 23, 2020 15:34
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија во пресрет на претстојните парламентарни избори изготви „Прирачник за етичко известување од избори во Северна Македонија“ кој ќе помогне на новинарите и медиумите во подобро запознавање со етичките и правните аспекти на покривање на изборната кампања и денот на изборите.

Во прирачникот, како што соопшти денеска ЗНМ, е истакната важноста на почитувањето на етичките стандарди при известувањето, како и улогата и значењето на медиумите за време на самите избори. Во таа насока, како што посочува здружението, истакнато е дека информативната улога на медиумите подразбира дека тие урамнотежено и коректно ќе известуваат за кампањата на сите политички партии, со што би им помогнале на граѓаните да одлучат како ќе гласаат.

-Публикацијата е поделена на четири дела кои освен за етичките стандарди, се однесуваат и на етичките принципи за реализација на фер и балансирана телевизиска кампања со политичките опоненти, меѓународните правни стандарди за слободата на изразување и изборите, како и за националните правила за медиумско покривање на изборните процеси, информира ЗНМ.

Како автори се јавуваат д-р Марина Тунева на делот кој се однесува на етички стандарди и улога и значење на медиумите за време на избори, Младен Чадиковски во делот за етички принципи за реализација на фер и балансирана телевизиска дебата со политички опоненти.

Од ЗНМ појаснуваат дека освен етичките принципи во посебен дел м-р Насер Бислими разработува теми поврзани со меѓународни правни стандарди за слобода на изразување и избори, а м-р Емилија Јаневска ја разработува темата која се однесува на национални правила за медиумско покривање на изборни процеси.

Уредник на публикацијата е Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ, кој на крајот има изработено препораки од Здружението на новинарите на Македонија во контекст на предлог измените на Изборниот законик.

-Оваа публикација е поддржана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) со поддршка на американскиот народ преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР).  Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на ЗНМ и авторите и во никој случај не може да се смета дека ја одразува позицијата на УСАИД или Владата на САД, ИФЕС или ОДИХР, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Next Post

Филипче: 118 новозаболени денес, 74 оздравени од Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk