ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ЈО формира привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности​

June 24, 2020 11:13
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет „Кривични дела против изборите и гласањето“ од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите, соопшти денеска Јавното обвинителство.

– Настаните поврзани со претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 15 јули 2020 година, се од општ интерес на јавноста, па оттука, е формирана комисија која проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување, се додава во соопштението.

За претседател на Комисијата е определен Џељаљ Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, а членови на Комисијата се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.

Како што се наведува во соопштението Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на изборите.

– За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство, се потенцира во соопштението.

Во исто време, информираат од ЈО, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да преземат дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ги повикува граѓанските организации, политичките партии, домашните и меѓународни институции и сите лица кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок/пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса izbori@jorm.mk, се додава во соопштението на Јавното обвинителство.

Next Post

Обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со Ковид-19

НАЈНОВО

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
МИА

Даме Димитровски избран за претседател на Советот на Град Скопје

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk