ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Со старт на преговори со ЕУ, Северна Македонија оствари уште една стратешка цел

На состанокот се потврди посветеноста на земјите од ПСИЈЕ кон унапредување на регионалната соработка преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни европски вредности, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

June 25, 2020 14:40
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

По многу параметри, со историската одлука на ЕУ од март оваа година за отпочнување на преговорите за членство, Северна Македонија оствари уште една своја стратешка цел и со подготвеност и амбиција го очекува конкретното  отворање на пристапните преговори, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето на министерска видео-конференција во рамки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

 

– ПСИЈЕ е цврсто вкотвен во евроинтегративните аспирации на сите земји партнери која како една од најстарите регионални иницијативи досега дала голем придонес за обезбедување на мир, стабилност и економски просперитет во Југоисточна Европа, нагласи Димитров.

На конференцијата на ниво на министри за надворешни работи, која беше последен настан од претседавањето на Приштина со ПСЈИЕ, фокусот на дискусиите беше насочен кон изнаоѓање на начини за интензивирање на регионалната соработка во време кога Европа и светот се соочуваат со последиците од пандемијата на Ковид-19, како и кон приоритетите посветени на воспоставување поголема поврзаност на регионот, младината и нејзиното значење во општествата и зачувувањето на културното наследство.

– На состанокот се потврди посветеноста на земјите од ПСИЈЕ кон унапредување на регионалната соработка преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни европски вредности, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

На конференцијата, покрај шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСИЈЕ, учествуваа и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мелинда Брегу./MИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: За три години видовме што значи градење по план, „татини синови, минималната плата ја држеа на 9.000 денари“...

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk