Носителката на листата на СДСМ за ИЕ 1, Мила Царовска, денес во посета на градскиот трговски центар оствари средба со стопанствениците кои истакнале дека полека се враќа изгубениот амбиент на трговскиот.
Околу 19 илјади фирми и во април и во мај ја користеа мерката за финансирање на минимална плата од 14.500 денари, која им помогна да ги задржат своите вработени на работните места.
Преку оваа мерка е покриена минималната плата на околу 120 илјади работници во нашата држава.
Денеска имав средба со стопанствениците од ГТЦ. Истакнаа дека за овие 2 и пол години е направено многу за враќање на животот и амбиентот во овој трговски центар, напиша вицепремиерката и носителка на листата на ИЕ 1, Мила Царовска.
А. Н. С.