ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се соочуваме со посилен бран на вирусот, од СЗО велат дека ситуацијата може да се стави под контрола

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека високиот број на позитивни случаи се последица од олеснувањето на рестрикциите, но пред се последица од една серија на семејни собири и прослави на кои не се почитувале препорачаните мерки за носење маска, физичка дистанца и дезинфекција на рацете.

June 26, 2020 07:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Земјава се соочува со бран на вирусот посилен од првиот. Нови 135 случаи на заразени од КОВИД 19 регистрираше вчера Министерството за здравство. Здравствениот билтен евидентираше и шест починати лица и 75 оздравени пациенти.

Советникот на регионалниот директор за Европа на СЗО, д-р Фабио Скано вчера изрази загриженост од она што се случува во земјава, но смета дека ситуацијата може да се стави под контрола со масовно тестирање, идентификување на случаите, нивните контакти и нивно изолирање.

– Ова што го гледаме во моментов во Македонија е загрижувачко. Поуката што треба да ја извлечеме е дека до пронаоѓањето на делотворна вакцина, не смееме да се опуштиме, односно да го спуштиме градот. Дејствата што ќе се преземат овие денови, но и во неделите и месеците кои претстојат ќе бидат критично важни со цел да се спречат случаите на новозаразени и да се спасат човечки животи. Оваа моја посета на вашата земја, се случи токму навреме. Она што го гледаме низ светот укажува на заклучокот дека вирусот нема наскоро да си замине. Напротив, тој брзо се шири и коси животи и треба да направиме сè што е потребно да му се спротивставиме на проактивен начин, односно да бидеме пред него, истакна Скано на прес-конференција во Владата.

Според него, Северна Македонија била добар пример во Европа за тоа како треба да се справува со вирусот и верува дека ситуацијата повторно може да се стави под контрола.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека високиот број на позитивни случаи се последица од олеснувањето на рестрикциите, но пред се последица од една серија на семејни собири и прослави на кои не се почитувале препорачаните мерки за носење маска, физичка дистанца и дезинфекција на рацете.
– Многу пати досега  ја упатувам пораката до граѓаните дека ова се универзални мерки насекаде во светот и во моментот единствениот начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите и здравствените работници, но и здравствениот систем во целост, изјави вчера Филипче на прес-конференција.

Уверува дека здравствениот систем е целосно прилагоден кон новата состојба и оти секојдневно се следи состојбата на болничките капацитети, медицинскиот кадар и по потреба на дневна основа се прават прилагодувања и ротации на здравствените работници со цел да се одговори на предизвикот.

– Но, тоа што е најважно е поддршката од граѓаните, целосното почитување на мерките и солидарноста. Ако ова го имаме, многу брзо ќе ја надминеме оваа состојба. Сега кога во целост постепено се враќаме кон редовните животни активности повеќе од кога било е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширење на вирусот. Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен, порача Филипче на прес-конференцијата во Владата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Избори за ректор на УКИМ – бојкот на кандидати, оставки во комисијата, претставки од синдикатот

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk